Почнаа подготовките за новата откупна кампања за тутунот

Bez autora
Jul 28 2010

Почитување на одредбите од Законот за тутун и тутунски производи од страна на производителите и откупувачите, навремено обезбедување пари за откуп од страна на тутунските компании за договорените количини се дел од заклучоците од денешниот координативен состанок на министерот Љупчо Димовски со претставници на тутунските компании. Во насока на навремена подготовка за новата откупна кампања, Државниот инспекторат за земјоделство најави засилени контроли на теренот со цел почитување на законските правила во производството и откупот на оваа индустриска култура. Поради субвенцијата од едно евро за килограм, како и високата просечна откупна цена за тутунот од минатогодишната реколта, годинава зголемен е интересот на земјоделците за производство на тутун.

Почнаа подготовките за новата откупна кампања за тутунотПочитување на одредбите од Законот за тутун и тутунски производи од страна на производителите и откупувачите, навремено обезбедување пари за откуп од страна на тутунските компании за договорените количини се дел од заклучоците од денешниот координативен состанок на министерот Љупчо Димовски со претставници на тутунските компании.

Во насока на навремена подготовка за новата откупна кампања, Државниот инспекторат за земјоделство најави засилени контроли на теренот со цел почитување на законските правила во производството и откупот на оваа индустриска култура.

„Поради субвенцијата од едно евро за килограм, како и високата просечна откупна цена за тутунот од минатогодишната реколта, годинава зголемен е интересот на земјоделците за производство на тутун. Оттаму, статистички, треба да очекуваме поголемо производство. Рано е да се направат точни проценки за тоа колку ќе тежи реколтата од оваа година, бидејќи производствениот процес не е завршен. Првичните проценки се дека од тутунот треба да очекуваме род од околу 33 илјади тони, согласно засеаните површини, но, мора да ги земеме во предвид и временските услови кои може да влијаат на намалување на родот“, рече министерот Димовски.

Македонскиот тутун се бара на странските пазари и затоа, како што истакна тој, државава прави напори и за изнаоѓање на нови пазари за извоз.

Министерот Димовски најави дека за кусо време координативен состанок освен со откупните компании, ќе се одржи и со претставниците на тутунските здруженија./крај/со/мзшв

Copyright 2010 makfax. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik